Жртвите на семејно насилство преку проектот „Пристап до правда во Македонија“

13438817_500522313471574_2644002819099314565_n

На 2 март се одржа настан на кој се говореше за барателите на бесплатна правна помош, кои најчесто се  невработени и материјално необезбедени лица кои живеат во лоши услови и на кои правната помош во остварувањето на правата им е повеќе од потребна. Овој настан беше во организација на Проектот за унапредување и промовирање на правото на бесплатна правна помош „Пристап до правда во Македонија“, финансиран од страна на Европската Унија и спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија, заедно со партнерите Национален ромски центар од Куманово, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација од Штип, Младински центар Битола, Избор од Струмица и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Според податоците, во изминативе 12 месеци, 40 жртви на семејно насилство побарале бесплатен правен совет и информација кај овластените здруженија. Откако проектот започнал да се имплементира, повеќе од 1000 граѓани се обратиле кај овластените здруженија и побарале бесплатно правно советување.

Бесплатна правна помош граѓаните може да добијат преку овластените здруженија и преку подрачните одделенија на Министерството за правда. Со овој Закон за бесплатна правна помош се уредуваат: правото на бесплатна правна помош, постапката во која се остварува, корисниците, условите и начинот на неговото остварување, давателите на бесплатна правна помош, органите надлежни за одлучување, заштитата на правото на бесплатна правна помош, финансирањето и надзорот над неговото спроведување, организирање на денови на бесплатен правен совет, бесплатна правна помош во прекугранични спорови, како и надзор над примената на одредбите од овој закон.

Целта на проектот „Пристап до правда во Македонија“ е да придонесе кон подобрување на системот на заштита на човековите права во земјата преку зајакнување на системот на бесплатна правна помош (БПП) и утврдување на слабостите во неговата имплементација.

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *