Панел дискусија „Жените во јавниот живот“

17022143_1315331158510378_1239333703139421196_n
На 7 март, од 17 до 19 часот, во просториите на ЕУ-инфо центар се одржува панел дискусија со работен наслов „Жените во јавниот живот“.
Говорнички на оваа панел дискусија ќе бидат Фатиме Фетаи – специјална јавна обвинителка, Мерсиха Смајлович – химанитарка и борец за правата на бегалците, Ива Матиќ – прва жена пилот во Македонија и Ангелка Пеева Лауренчиќ – директорка на ИмиџПР.

„Родовата еднаквост е се поголем приоритет на голем број развиени земји. Огромни напори се вложуваат да се зголемат можностите за жените во општеството и да се создадат околности кои ќе ја намалат родовата дискриминација преку владини политики но и кампањи за свест.

Овој настан нема за цел од него да произлезат законски измени туку да започне општествен дијалог и да им постави пример на младите жени и девојки како изгледа успехот во нашето општество и што е потребно да се постигне. Ние сакаме млладите жени да чујат како едни успешни жени ја надминале општествената стигма, предизвиците и препреките во професионалниот живот.“ – велат од невладината организација Democrasy Lab.

Овој настан е во организација на Democrasy Lab од Тетово.

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *