Марш за женски права

17103591_1120539994741625_2284524140376793148_n
За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март, во среда, со почеток од 12 часот ќе се одржи Маршот за женски права. Настанот е во организација на граѓанската иницијатива „Бори се женски“.

„8ми март е Меѓународниот ден на жената кога се одбележува женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност. Во тој дух, Платформата за родова еднаквост организира Марш на жените, во кој движејќи се од Плоштадот Карпошово востание преку Камениот мост и Плоштадот Македонија, па до Паркот „Жена-борец“ ќе испратиме порака дека сме тука, дека сме важни и дека нашиот глас ќе биде чуен. Истовремено со жените низ светот кои на овој 8 март објавија општ женски штрајк, и ние јасно и недвосмислено порачуваме дека сакаме еднакво, солидарно и напредно општество.” – велат организаторите на настанот.

 

Check Also

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *