ku9

Министерството за култура глуво кон барањата на албанските актери за театар

Актерите и вработените во албанскиот театар од Куманово бараат објект каде што ќе можат да си ја вршат својата работа. Тие функционираат во рамки на кумановскиот театар “Трајко Прокопиев” и ја делат истата просторија со нивните колеги од македонскиот театар. Просториите на постоечкиот театар се наоѓаат помеѓу две основни училишта во центарот на Куманово и се во ужасни услови за работа. Прокиснат кров, руинирана фасада, влага и немањето услови за греење на просторијата го отсликуваат овој театар. Министерството за култура после долги години најави реконструкција на истиот, но таа се уште не е започната.

Девет албански актери, еден режисер и еден организатор се жалат дека нивните барања кои што со години ги упатуваат до Министерството за култура не се ни слушнати. Според нив немањето основни услови, ниту простории ги чини со театарскиот репертоар, па така тие се принудени да играат помал број на претстави, отколку што имаат предвидено и имаат можност. Тие се надевале дека ќе го добијат објектот на поранешниот Дом на ЈНА, кој што пред извесно време се реконструираше во целост, но сепак Државниот Архив го добил тој објект.

Нашата иницијатива за изградба на објект за албанскиот театар во Куманово е започната пред повеќе од година дена, но сепак нашите барања не се исполнуваат од страна на Министерството за култура. Дојдоа вработените од Министерството и разговаравме за поранешниот Дом на ЈНА, објект кој што над 70% ги исполнуваше условите за да стане објект на албанската драма во Куманово, тие го фотографираа објектот и остана на тоа. Подоцна истиот објект го доби Државниот Архив. Се уште сме во стариот објект на Трајко Прокопиев и тоа не чини голема жртва не само нас, туку и нашата публика” – вели Енвер Халими од албанската драма во кумановскиот театар.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *