16864225_965508293585388_6229358291375284011_n

„Една Може!“ на 8ми март ги отвори своите простории

16864225_965508293585388_6229358291375284011_n
Вчера со почеток од 17 часот, на улица Народен фронт број 5 се отворија новите простории на „Една може“ . Настанот помина во пријатна атмосфера , се говореше за сите подвизи кои ги направија изминативе години од создадовањето на One can! група за самопомош до формирањето на официјално Здружение за унапредување на правата на еднородителски семејства во земјава, „Една може! – Скопје“. На настанот присутните беа запознаени со досегашните акции на организацијата, а просторот кој го доби ова здружение ќе се користи и за вмрежување со други организации. Новиот дом на „Една може! “ се отвори со подршка од Комерцијална банка АД Скопје.

17203129_1322086001186586_2864922456467410108_n

17190712_1277956102258041_9073443423201496250_n

„Една Може!“ има реализирано голем број на активности со активистички карактер за застапување во решавањето на горливите проблеми на своите членови, со мобилизирање ресурси во локалната заедница за помош и поддршка на социјално загрозените еднородителски семејства.

 

17098606_997420233692603_8386519582763603810_n

„Една Може!“ е здружение, формирано за ефективна промоција и поддршка во остварувањето на правата и економскиот развој на самохраните родители и деца со цел обезбедување на ресурси за достоинствен живот на членовите на еднородителските семејства во Република Македонија (РМ). „Една Може!“  започна да делува како интерактивна група за самохрани мајки на социјалната мрежа Фејсбук на почетокот на 2014-та година, а по неколкуте инцијативи за решавање на предизвиците на социјален и економски аспект, во мај 2016, „Една Може!“  прерасна во формално здружение.

14717145_997420860359207_1167031795586763888_n
„Една Може!“  има 2200 членки и членови од редот самохраните родители. Визијата на здружението „Една Може!“ е институционално и општествено прилагодување на специфичностите на еднородителските семејства и севкупна општествена грижа и позитивен третман на ниво на Република Македонија.

Check Also

Марш за женски права

За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март, во среда, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *