KU8

Стечајните работнички и Форумот на жени на СДСМ бараат повеќе права за работничките

За Меѓународниот ден на жената во Куманово Форумот на жените од Сдсм органзираше трибина на која се дискутираше за позицијата на жените во македонското општество, нивната вклученост во политиката и женските права, ставајќи акцент на правата на работничките. За овој повод на трибината учествуваа и жените стечајки од Куманово, предводени од претседателката на здружението на стечајци УНИТ – Лилјана Георгиевска. Стечајките беа дочекани со скромни подароци од страна на социјалдемократките, бидејќи за нив тие претставуваат женски симбол за борба на правата на работничките во Македонија.

Стечајните работнички со години се борат за остварување на своите работнички права, но за жал им успеа само парцијално, додека дел од нив останаа без средства и можности да си ги остварат своите права. По повод Меѓународниот ден на борбата за женски права ќе дискутираме за положбата на жената во македонското општество, за изедначување на нејзините права во сите општествени сфери, нејзините позиции во семејството и односите, за здравствената заштита, како и за сите проблематики кои се поврзуваат со оваа тема” – вели Атина Мургашанска, претседателка на Форумот на жени на Сдсм Куманово.

Мургашанска гледа светла иднина во остварување на женските права, особено на правата на работничките, доколку Социјалдемократскиот Сојуз оформи Влада. Според програмата на нејзината партија се предвидува унапредување на правата на жените работнички, така што работничките постари од 60 години ќе работат шест часа дневно за истите приходи кои ги примале и претходно, како и подобрување на мерките за мајките на децата со посебни потреби и воспоставување Секретеријат за родова рамноправност.

KU7

Ова се жени борци, а не само стечајки. За жал во Македонија секој ден се повеќе категории на граѓани се обесправени и оставени на маргините. Морам да забележам и на работничката класа, која би требала да е малку поажурна во барањата на своите работнички права. Се надеваме дека по формирањето на новата Влада ќе се подобри ситуацијата на стечајните работници и на сите други работи во државата кои беа парализирани од страна на државата. Се надеваме дека се ќе тргне кон подобра иднина, нашата визија и надеж не држат се уште на нозе.” – изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници УНИТ.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *