kum

ЕВН ги остави кумановските стечајци без струја

Поради неплатен долг постар од десет години, ЕВН им го отсече пристапот до електрична енергија на повеќе од 50ина семејства на стечајци во Куманово. Стечајните работници револтирани од овој потег на ЕВН да ги остави без електрична енергија, а имајќи го во предвид нивниот социјален статус, најавија протест пред подрачното одделение на ЕВН во Куманово. По неколку часови протестот беше одложен поради тоа што на стечајните работници им се вети разговор со раководството на ЕВН. На тој разговор ќе треба да се пронајдат заеднички решенија помеѓу стечајците и ЕВН. Стечајните работници се надеваат дека ЕВН ќе ја има во предвид нивната положба во општеството, како една од најмаргинализираните и најсиромашните категории на граѓани во државава.

Ние немаме пари ни за леб да си купиме, па така често собираме меѓу себе кој колку може да даде за основни прехранбени продукти и за лекови и на сетто тоа уште да бидеме под грабливизам на ЕВН. Ако сметката за струја е 6000 денари, ние треба да платиме плус 12 000 денари камата за тие сметки стари десет години.Затоа оваа категорија граѓани е револтирана, бидејќи во 21от век во сред цивилизација се оставени да живеат без струја.” – вели Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници УНИТ.

Георгиевска е надежна за средбата која што треба да ја имаат со претставници на раководоството на ЕВН и се надева дека ќе имаат разбирање за нив и заедно ќе пронајдат решение како да се реши овој проблем. Во спротивно таа најавува протести пред ЕВН и бара правниците доколку можат да им помогнат како целиот овој настанат случај правно да се регулира.

Стечајните работници од Куманово не плаќаат сметки за вода и ѓубрарина, бидејќи Општината им излезе во пресрет уште пред пет години и им ги покрива тие трошоци. Но од ЕВН велат дека ти се приватна компанија и дека секој мора да си го плати потрошеното. Стечајните работници се надеваат дека ќе се распишат локалните избори, бидејќи доколку тоа не се случи, локалната самоуправа нема да има ингеренции и нема да можат да ги користат бенефициите кои што им ги нуди. Тие исто така повторно апелираат да се оформи што поскоро Влада која што ќе го изгласа нивниот предлог закон, со што ќе им овозможи по 6 000 денари месечно се до пензионирање или повторно вработување.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *