biznis

Концептот на одговорно водење бизнис го поттикнува развојот на компаниите

Бизнис Конфедерацијата на Македонија во прилепскиот хотел „Кристал Палас“ одржа деловна средба со претприемачите на компаниите од прилепскиот регион. Целта на средбата беше унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании. На средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании се разговараше и за тековните проблеми и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите од регионот.

Претседателот на Бизнис Конфедерацијата на Македонија Миле Бошков рече дека со одржувањето постојани контакти со нивните членови, со спроведувањето истражувања, анализи и мерењето на состојбите во различни сфери на општественото делување, Бизнис Конфедерацијата претставува релевантен катализатор на изразувањето на деловната заедница и поттикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.

„Со промовирањето на концептот на одговорно водење бизнис, ја поттикнуваме одржливоста на економијата и долгорочниот развој на компаниите. Овие директни средби одат во прилог на тоа, го зголемуваат нашиот делокруг и го интензивираат нашето дејствување и конкретните чекори во реформските зафати, законските измени и економските стратегии со цел обезбедување на продуктивна бизнис клима“, изјави Бошков, првиот човек на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.

Во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерацијата изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Насловите на тие платформи се: Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина.

 

 

Зоран Милошески

Check Also

Кој ќе го организира фестивалот „Браќа Манаки“?

Аплицирањето на здружението „Центар за филм“ од Битола на објавениот Конкурс за финансирање проекти за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *