rwe

Починаа двајца пациенти од Крива Паланка во расипано амбулантно возило

Двајца пациенти од Крива Паланка вчера починаа откако беа испратени од амбулантата во Крива Паланка за Куманово, а подоцна и за Скопје. Нивната состојба била критична уште кога пристигнале во болницата во Крива Паланка. Едниот пациент имал симптоми на гушење, додека другиот имал трансплантиран бубрег поради што настанале дополнителни компликации. Поради сериозноста на симптомите тие биле пратени во кумановската болница со возило на Итната медицинска помош. Кумановските лекари констатирале дека не можат да им помогнат поради сериозноста на симптомите и препорачале да бидат пратени на друго место.

Едниот пациент починал веднаш на излез од Куманово во амбулантното возило. Подоцна на патот Куманово – Скопје се расипало амбулантното возило и на патарина чекало да се поправат дефектите на возилото и да дојде друго амбулантно возило. Во меѓувреме починал и другиот пациент кој бил во критична состојба. Кога пристигнало возилото на Брзата помош од Скопје на местото каде што стоело расипаното амбулантно возило, само ја констатирале смртта и на другиот пациент.

Директорот на здравствениот дом во Крива Паланка – Јоско Стефановски тврди дека амбулантните возила од Крива Паланка редовно се одржуваат и дека на шест месеци им се врши технички преглед. Се уште нема информации зошто се случило таков дефект на возило на нивната институција. Но тој смета дека пациентите како и да е би починале, бидејќи состојбата им била премногу сериозна уште кога се пријавиле во Крива Паланка.

Здравствениот дом во Крива Паланка има 6 возила на Брзата помош, како и теренски и полесни други возила за опслужување на пациентите. Двајцата пациенти биле пратени за Куманово со едно возило, затоа што симптомите ги пријавиле во исто време во Крива Паланка, вели директорот Стефановски.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *