вк

Јапонската Влада ќе го реновира кумановското училиште Вук Караџиќ

Амбасадата на Јапонија во Скопје потпиша грант со кој што ќе овозможи реновирање на повеќе институции од различен карактер во државата. Финансиските средства кои се доделуваат неповратно се обезбедени преку програмата “Грант помош за поддршка на мали проекти – GGP” од Владата на Јапонија. Македонија е корисник на истава од 1996та година, а досега во целава земја со помош на Владата на Јапонија се реализирани различни проекти во вредност од 6 милиони евра.

Оваа година преку овој проект на јапонската Влада се доделени неповратни средства за помош на шест институции, меѓу кои и две основни училишта – во Куманово и во струшкото село Дрслајца. Основното училиште “Вук Караџиќ” во Куманово со 69.360 евра ќе се реновира преку овој грант.

Оваа основно училиште во кумановското “Диво Насеље” е градено во раните седумдесетти години од минатиот век и е залепено со другото основно училиште “Наим Фрашери”, во минатото познато и како “Братство и Единство”. Денешната состојба на училиштето е во катастрофална состојба. Училиштето се уште има стари прозори од минатиот век, оштетени ѕидови и оштетена фасада. Исто така се соочува со посериозни проблеми во текот на грејната сезона.

Македонската Влада досега се покажа слепо за состојбата на оваа училиште, скоро во центарот на Куманово. Единствено добија реновирана училишна спортска сала која што ја делат со соседното училиште “Наим Фрашери” во 2012 година од страна на Општина Куманово.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *