yi

Дипломатите го посетија Североисточниот регион

Здружението “Macedonia Welcome Center” кое што има за цел промовирање на Македонија и помагање за живеење во Македонија на странските дипломатски претставници, организираше еднодневна посета на Североисточниот регион од земјата. На оваа посета беа присутни амбасадорката на Швајцарија Сибиле Сутер Тејада – која за прв пат дојде во овој дел од државата, Лујза Винтон од Обединетите Нации, како и Маја Жбогар – сопруга на новиот амбасадор на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. Тие ги посетија културните богатства и обележја на североистокот.
Најпрвин беа дочекани од градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
“Освен што ќе ги посетат нашите културни богатства, исто така е важно да се запознаат со спецификите на овој регион и она што е многу актуелно во Македонија последниве години – расподелба на локалните развојни средства, односно рамномерна дистрибуција на средствата во однос на рамномерниот меѓународен развој, така на некој начин ќе ги дадеме спецификите на регионот и потребите од понатамошните програми” – вели Дамјановски
Амбасадорката на Швајцарија Тејада вели дека и е од многу голема важност тоа што ги слушнала видувањата на кумановскиот градоначалник, бидејќи Швајцарија е голем поддржувач на децентрализацијата, а во понатомошната соработка со Општина Куманово ќе продолжи да го поддржува истото.
Во рамки на оваа посета на североистокот странските претставници ги посетија: старата џамија во центарот на Куманово, Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, селото Доброшане, манастирот “Свети Ѓорѓи” во селото Старо Нагоричане и манастирот “Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *