Скопје домаќин на Меѓународниот ден на укажувачите

17308878_1276802119069312_476817943975699679_n
На 24 март, во МКЦ со почеток од 14 часот се организира настан по повод Меѓународниот ден на укажувачите. Настанот е во партнерство со Денот на слободен говор на Македонија. Меѓународниот ден на укажувачите и Денот на слободен говор на Македонија се во организација на Коалицијата за заштита на укажувачите во Југоисточна Европа (SECWP) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија. SECWP е единствена регионална организација во светот посветена на подобрување на правата на укажувачите, поддржувајќи ги истите и истражувајќи ги нивните обелоденувања. СКУП е водечки независен извор на детални вести од јавен интерес во Македонија.

На програмата на овој целодневен настан во клубот МКЦ е средба со укажувачи, говори на активисти, прес-конференција, учество на граѓани. Учесници се Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, укажувачот Симо Груевски, Меѓународниот тим лидер Петрус Тоинес и истражувачкиот новинар Зоран Иванов, претседателката на ТИ Македонија Слаѓана Тасева, како долгогодишниот активист Џабир Дерала од Цивил. Активистката за човекови права и новинарката Арзу Гејбула ќе има воведно излагање за растечките предизвици и опасностите на истражувачкото новинарство и активизам во Европа и ширум светот.

Меѓународниот ден на укажувачите е ден кога светот им оддава признание на граѓаните кои имаат интегритет и храброст да пријават злоупотреба додека други молчат. Денот на слободен говор ќе го препознае вредниот придонес на укажувачите, активисти и истражувачки новинари во Македонија.
Укажувачите играат важна улога во откривањето и борбата против заканите за јавниот интерес – од политичка пристрасност и корпоративна корупција до банкарска измама и перење пари, загадена вода и небезбедна храна. Преку своите активности, укажувачите ширум светот спасуваат многу животи, десетици милијарди евра и огромни јавни и природни ресурси.

Check Also

Марш за женски права

За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март, во среда, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *