Онлајн дискусија: секој втор млад човек иднината ја гледа надвор од државата

17309268_269350163516157_2206299510798860603_n

„Можеби би се вратила во Македонија, но кога би имала деца не би се вратила заради политичката ситуација. Како Албанка, уште помалку би сакала да се вратам заради протестите контра малцинствата“, изјави на вчерашната онлајн дискусија која за тема го имаше проблемот со младинското иселување, универзитетскиот асистент на Центарот за студии на Југоисточна Европа (CSEES) Лура Положани.

 

На истата дискусија, професорката Марија Топузовска-Латковиќ изнесе податоци за иселувањето на младите, како дел од проектот „Студија на младите во Република Македонија 2016“ кои кажуваат дека секој втор млад човек на возраст од 15 до 29 години, својата иднина ја гледа надвор од државата.

 

„Според истражувањето нарачано од фондацијата „Фридрих Еберт“, секој втор млад човек сака да ја напушти земјата, а како најголема причина за иселувањето се наведуваат финансиите“, рече професорката Топузовска-Латковиќ.

 

По однос на процентот на невработени млади луѓе кои би сакале да заминат од Македонија, беше изнесен фрапантен податок од истражување работено минатата година, според кое дури 80% од нив се со таква намера. Дипломираниот инженер архитект Злата Голабоска која во моментов живее во Атина, го изнесе своето искуство за протестите од ланскиот 5.мај, после кои била приведена во полициска станица и таму останала 24 часа.

 

„Бев приведена и 24 часа задржана во полициската станица. Тогаш сфатив дека во Македонија уште долго време нема да има промени. Освен тоа, поразителен е и фактот дека работејќи како келнерка во кафетерија, заработив повеќе отколку кога работев како архитект. За архитектите нема работа во Македонија“, потенцира Голабоска.

 

За разлика од другите учесници, , претставничката на „Солидарност“ Климентина Ристовска е на мислење дека младите не треба да се откажуваат од опцијата да го бараат своето место во Македонија, тука да се образуваат и материјално да се реализираат.

 

Онлајн дискусијата беше дел од иницијативата на крушевскиот Младински сојуз „MyGreat Macedonia“ за проблемот со младинското иселување и можните решенија и стратегии за негово намалување. На неа, покрај споменатите, учество зедоа и проф. др. Златко Николоски, Наталија Најдова вработена во „Гугл“, Ирска, како и Блажен Малески од „Реактор“.

 

Check Also

Кој ќе го организира фестивалот „Браќа Манаки“?

Аплицирањето на здружението „Центар за филм“ од Битола на објавениот Конкурс за финансирање проекти за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *