Изграден едвај половина од гасоводот до Неготино

17351989_10203140204583322_6345292427003562743_n

Едвај половина од гасоводната траса на релација Штип-Неготино е изградена а според ветувањата на надлежните овој проект треба да се реализира до крајот на 2017 година.

Од “Македонски енергетски ресурси” велат дека овој сегмент од магистралниот гасовод е во должина од 36 километри и истиот чини 16.000.000 евра. Оттаму велат дека истиот ќе биде изграден до крајот на годинава како што и било предвидено.

Допрва следуваат пропратните работи кои треба да се реализираат како што е изградба на две мерни станици во Штип и Неготино.

Отпосле во Неготино ќе започне и втората фаза на реализирање во која треба да се направи приклучување на граѓаните и компаниите од неготинското стопанство за да го користат овој поевтин производ.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *