Неуспешен обид за бегање во минатото од реалните проблеми на Кавадарци

378423-del-od-vinariite-se-ushte-go-nemaat-plateno-lanskoto-grozje

“ Кавадарци денес е еден од градовите во Македонија со најлоша патна инфраструктира, како и еден од најзагадените градови со ПМ 10 честички. Кражбите во Кавадарци денес се повеќекратно зголемени од пред 10 години. Лозарите ја имаа најтешката година во историјата на виновата лоза. Истрошениот политичар и градоначалник во заминување Александар Панов, припишувајќи си приватни инвестиции како свои заслуги, повторно не даде одговор на граѓаните на Кавадарци, каде се големите ветувања од неговата предизборна програма: Изградба на Аква Парк на местото на сегашниот градски базен; Изградба на затворен пазар и деловно-трговски центар; Гасификацијата на Кавадарци; Подземниот коридор под Илинденска; Комплетната реконструкција за главните улици и булевари, Изградба на кејот до Брушански мост; Соларниот град на Витачево и уште ред други работи кои беа ветувани во неговата програма. Сакаме да ги охрабриме граѓаните на Кавадарци дека доаѓа живот, слобода и правда. Локална власт чиј приоритет ќе бидат развојот на Кавадарци и подобрувањето на стандардот на сите граѓани подеднакво.” –  вели претседателот на СДСМ Кавадарци,Зоран Ѓеорѓиев.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се огласи со писмена реакција на прес конференцијата, со која неуспешно бега од реалните проблеми на граѓаните. Оттаму велат дека :

“Очајнички е за работи кои се правеле во времето на Југославија вие да ги препишувате дека ги правела вашата партија СДСМ. Впрочем наследството на кое се повикувате, комунистичката партија, вашето раководство сака да го прогласи за геноцидно, само за да дојде денес на власт.

Но да зборуваме за тоа што СДСМ направи во Кавадарци. Олигархијата во вашата партија СДСМ ги грабна сите фабрики од тоа време, од времето на Југославија и ги претвори во прав. Сведоци за тоа се илјада кавадарчани кои останаа без работа во ваше време.”

Oва претставува само уште еден неуспешен обид за бегање во минатото од реалните проблеми на Кавадарци. Жителите на Кавадарци имаат суштински проблеми за кои локалната власт требаше одамна да понуди сопствено решение.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *