Црната кампања продолжува и во Кавадарци, кавадарчани одговорија со отворено писмо

17353290_10203144591813000_457014539829291151_n

Утрово „ урбаното “ Кавадарци осамна во својата примитивна колевка. Денес, Кавадарци осамна излепен и обвиен со некакви ,,потерници’’, навидум  некролози од Бетиан Китев, пратеник од СДСМ, претставник од општина Кавадарци.

Не успеавме да го добиме на линија Китев, но за Фокус изјави дека за време на локалните избори во 2013 година се случи истото што и денес.

„ Како може свесен човек да реагира на нешто вакво? И моите родители ги видоа овие плакати, но тие се цивилизирани луѓе, ги замолив да не се потресуваат, иако сигурно претпоставувате како се чувствуваат. Имам информации дека ова е организирано од Скопје, ноќе се лепат плакатите, за наутро граѓаните да ги видат. Искрено, очекував нешто вакво, бидејќи започнаа и во други градови, со ликови на останати пратеници. Нема што да се коментира, самото дело кажува се.“ – вели Китев во телефонски разговор за Фокус.

Кавадарчани, нашите сограѓани кои сеуште го користат мозокот како средство за размислување, се изненадени од денешното утро и она што го видоа со сопствените очи. Реагираат за овој немил настан за кој бараат од надлежните овој случај да се расветли во најкраток можен рок а сторителите да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Кавадарци полека но сигурно се претвора во паланечка средина. Да не дозволиме идиотизмот и маленкоста на малкумина да надвладеат врз здравиот разум на повеќемината. На следните избори, без разлика кои, на ова лудило мора да му ставиме крај.

 Денеска низ градот забележав излепени некролози на жив човек. Само болен и многу злобен човек може да го направи тоа. Црната кампања на владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги надмина сите морални граници. Веќе не бираат средства како да го оцрнат противникот. Со ова лепење на некролози на пратеникот Китев, кој нема ниту една црна дамка во кариерата, кој доаѓа од доста почитувано и чесно семејество и кој има доста добар углед во Кавадарци, и како личност и како политичар, ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци изгуби многу. И тоа ви го кажувам со сигурност’’ – пишува во отвореното писмо на кавадарчанец кое беше адресирано до повеќе портали.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *