Опасност од рударски активности на Кожув планина, на мета изворот Лукар!?

17361598_10203144745096832_6541609426283330054_n

Биодиверзитетот на планината Кожув може сериозно да биде доведен во прашање, доколку се реализираат планирањата за отворање на рудник за минерални суровини. Опасност постои и за водоводниот систем Лукар, бидејќи се издадени концесии за детални геолошки испитувања за злато во Гладница и Дудица.

Граѓанската иницијатива „Спас за Гевгелија” започна иницијатива за спас на планината Кожув од нејзино уништување бидејќи во општина Гевгелија се издадени две концесии за детални геолошки испитувања на злато.

Според податоците на концесионерот пронајдено е два грама злато на еден тон ископана руда. Во постапката на одделување на златото се користи цијанид кој може да направи катастрофа.

„ Се работи за отворен тип на рудници кај што се врши екстракција на злато со помош на цијанид. Во зависност од големината на рудникот, светските истражувања велат дека во просек дневно се користат од три до десет тона цијанид. Еве за пример, Гевгелија која брои околу 15-16.000 жители доволни се 10 литри цијанид во водоводната мрежа за да се случи катастрофа од светски размери. Советот на Гевгелија заедно со градоначалникот едногласно донесе одлука за референдум каде граѓаните ќе кажат дали Гевгелија е за рудници или за здрава еко средина” – вели Ангел Наков од здружението на граѓани „Спас за Гевгелија”.

Овој пример од Гевгелија треба да се имплементира веднаш и да се дебатира и на седница на совет на општина Кавадарци и да се донесе едногласна одлука за стопирање на било каква рударска активност околу изворот Лукар за да не дојде до катастрофални последици на жителие од општина Кавадарци а и пошироко.

Check Also

Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

Изворот „Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *