Во Гостивар околу 3000 сопственици на дивоградби , неуспеале да ги легализираат објектите во предвидениот рок.

aaa

За околку  3.000 барања за легализација на дивоградби на подрачјето на Гостивар, не се знае нивната судбина. Се  додека не се изменат законските регулативи, неизвесно е какви решенија за овие објекти ќе добијат сопствениците. Тие не доставиле елаборати до крајниот рок, кој истече пред Нова година и документите за заокружување на легализирањето не им се комплетни.

„Сите граѓаните кои имаа поднесено  барања за легализација во 2011-та, имаа рок да ги достават геодетските елаборати до 31-ви декември, 2016-та. Дел од нив ја завршија таа обврска, за останатите чекаме дали ќе има некои законски измени, кои беа најавувани за дополнителен рок.“ – велат од општинскиот Сектор за урбанизам.

Во 2011-та биле поднесени 8.600 барања за легализација, од кои околу 5.600 се комплетирани со сите документи , покажуваат податоците од Секторот за урбанизам.

Катастарот најави дека ќе бара од Владата пролонгирање на рокот, поради тоа што состојбата е слична и на државно ниво. Сепак, сега за сега официјални измени во тој дел нема. Сопствениците пак на дивоградби кои барањата за легализација ги поднесоа во 2015 и 2016-та, имаат време за комплетирање со елаборати до крајот на оваа година. Во Гостивар нивниот број се движи околу 4.100.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *