17264926_270283693422804_1865841379055490830_n

Прилепчани ги искршија колите по новиот „булевар“

17264926_270283693422804_1865841379055490830_n

Наместо ветениот булевар со 4 ленти, улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп во моментов е „тесно грло“ за безбедно одвивање на сообраќајот. Особено ако се знае дека таа се наоѓа во централното градско подрачје и дека со самото тоа е една од најфреквентните по која, освен автомобили, се движат и товарни возила, како и автобусите на градскиот и меѓуградскиот сообраќај.

Според најавите на локалните власти, улицата која се протега од прилепскиот Основен суд до мостот на Градска река во должина од околу 250 метра требаше да прерасне во современ булевар со 4 ленти, со зелен појас на средината, а предвидени беа и велосипедски и пешачки патеки. Состојбата на терен во однос на ветениот проект кој првично требаше да чини околу 200.000 евра, драстично се разликува.

17352222_270283880089452_6804976474844810656_n

Подолг временски период работите на булеварот кој требаше да има сосема друг лик, се запрени. Возачите на моторни возила со месеци водат битка со дупките, шахтите, различните нивоа на стариот и новиот асфалт. Освен што возилата трпат сериозни штети, катастрофалната состојба на двете коловозни ленти создаваат застој во сообраќајот. Жителите на околните куќи и згради не се воодушевени од решението на локалната самоуправа комплетно да го смени изгледот на улицата, а со самото тоа и сообраќајниот режим.

„Едната лента постојано е зафатена со паркирани автомобили, така што практично на возачите во еден правец на располагање им стои само една сообраќајна лента. Тротоарите речиси комплетно ни ги одзедоа. На некои места не само што нема простор за велосипедски патеки, туку не може човек ни пешки да помине. За нас постарите тоа е посебен проблем“, вели еден од повозрасните жители на улицата „Димо Наредникот“.

17264398_270283666756140_3003911830431250727_n

Генерално земено, улиците во градот се наоѓаат во многу лоша состојба. И заради тоа, но и заради зголемениот број на моторни возила, сообраќајот низ улиците на Прилеп се одвива со многу проблеми, што посебно доаѓа до израз за време на пазарните денови. Една од работите кои прилепчани му ги замеруваат на градоначалникот Марјан Ристески, е што за време на неговите 3 градоначалнички мандати, не успеа да изгради ниту една нова сообраќајница во градот.

17264317_270283756756131_3629629320616474205_n

Да биде иронијата уште поголема, не само што Ристески и неговите служби не ја проширија патната инфраструктура, туку во строгиот центар на градот, пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, стеснија дел од улицата „Кузман Јосифоски“ и просторот го пренаменија во платен паркинг. Тоа доволно зборува за „грижата“ која локалната власт ја покажува за подобрување на градската сообраќајна мрежа и за зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Check Also

Кој ќе го организира фестивалот „Браќа Манаки“?

Аплицирањето на здружението „Центар за филм“ од Битола на објавениот Конкурс за финансирање проекти за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *