Дивата депонија во Тетово се проширува

Capture

Надвозникот на влезот во Тетово и железничката пруга деновиве стана нова локација за депонија во градот, илјадници тони на отпад се истура на ова место. Јавното комунално претпријатие Тетово оваa локација ја користи за претовар на сметот, откако жители од тетовската населба Деребој ја оградија дел од дивата депониjа и кажаа дека нема да дозволат на оваа локација да се претовара и дa се истура ѓубре. Сега огромните количини од отпад се доближија до домовите на тетовчани, кои уште повеќе се револтирани  oд новонастанатата состојба.

Captures

„ Не можевме прозорец да отвориме од дивата депонија, а сега ѓубрето полека почна да ни влегува и во домовите. Не ни останува ништо друго освен да се отселиме од градов. Ова е катастрофа ! ” – изјави жител на Тетово.

Според Јавното комунално претпријатие Тетово ова таложење на сметот ќе престане  наскоро, затоа што најдоцна од наредниот месец тетовскиот отпад ќе почне да се претовара надвор од градот.

Според ЈКП,  сметот ќе се претовара во специјални контејнери. Пред да се транспортира во скопската депонија Дрисла. Тетовчани вакви ветувања слушнале повеќепати, но на терен проблемот со комуналниот смет сеуште не е решен, а и се повеќе се зголемува.

 

Check Also

Анализа на водата во Гостивар и гостиварско

Минатата година во гостварските села водата била бактериолошки загадена а во градот често заматена. Нередовното …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *