Донација за тетовски Ф.К Љуботен и надеж за враќање на стариот сјај

Capturefkl
Најстариот фудбалски клуб во Македонија кој е формиран во  далечната 1919 година и еден од најстарите  клубови во поранешна Југославија, Љуботен од Тетово со години наназад едвај опстојува. Овој клуб неколку пати беше на работ на згаснување, но со донации од тетовци вљубеници на фудбалот тој егзистира.

Деновиве се чини ќе дојде крај на хорор приказната која со години наназад е слика на просториите каде што се соблекувалните и помошните простории на најстариот клуб во Македонија Љуботен.
Со финансиска помош обезбедена од дијаспората се реновира кровната конструкција а со средства од неколку локални фирми деновиве се работи на внатрешноста на објектот.

Овој клуб често го користат политичките партии пред секои избори, каде што се сликаат со ветување дека ќе дадат свој придонес во подобрување на состојбата бидејќи мора да се помогне најстариот клуб во државата. Од друга страна за него се грижат  вистинските навивачи на Љуботен и вљубеници на фудбалот во Тетово.

Capturefk

„ Имаше помош од дијаспората од Америка, беа обезбедени одредени финансиски средства, минатата година го сменивме кровот а во моментов ги менуаваме прозорите и внатрешната фасада се со цел да се овозможат услови за тренирање како на сениорската екипа така и за младинската школа на Ф.К Љуботен.“  – рече Дејан Савески.

Од клубот апелираат за помош кон сите кои сакаат и можат да  му помогнат  на овој клуб, кој бил гордост на Тетово и Полошкиот регион. Лошата финансиска состојба го доведе клубот моментално да се натпреварува во општинската лига.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *