Општина Зрновци ќе гради стационар за бездомни кучиња

vard19

Жителите на општина Зрновци подолг период имаат проблеми со голем број на напуштени кучиња чиишто сопственици и покрај предупредувањата за санкции од страна на општината не ги прибираат во дворовите и  истите се подолго се на улица и многу  брзо се размножуваат и го зголемуваат бројот.

Најголем проблем овие кушиња скитници им претставуваат на најмладите,  кои не знаат како да се справат со големите групи на кучиња, кои во недостиг на храна и грижа стануваат агресивни.

Градоначалникот на општината Блаже Станков најави најбрзо отворање на  стационар, кој откако ќе биде избрана фирма за заловувањена кучињата, веднаш ќе отпочне со грижа за истите и нивен хуман третман. Тој истакна и дека млади лица од општината би се грижеле за нив и би ги нуделе на понатамошно вдомување од љубители на животните. Токму од тие млади лица од оптината потекнува и идејата како општината да се справи со нив.

Стационарот се планира да биде  изграден во кругот на фабриката за селектирање на комуналниот смет на површина од околу 100 метри квадратни. Во него ќе се изградат боксови за привремено живеење на кучињата. Згрижувањето, третманот и пописот  на веќе заловените кучиња ќе го врши професионален тим. Здравите и вакцинирани кучиња ќе бидат жители на стационарот до нивно повторно вдомување, за што идните вдомувачи ќе треба да платат одреден  надомест.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *