Запрена градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин

17362569_1599133620111934_2839116865100076252_n

На 17 март од страна на општинскиот градежен инспекторат e запрена градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати барање до Општина Охрид да го поништи одобрението  за градење на хотелскиот комплекс  на самиот  езерски брег, тогаш од секторoт за урбанзиам излегоа со тврдење дека нема причина за запирање е на градбата бидејќи биле запазени сите законски процедури за издавање на одобрение за градба на хотелот во Лагдин.

,, Она што беше став на Општина Охрид на последниот и претпоследниот прес дека целокупната документација околу општиот акт за село Лагадин, издавањето, постапката за издавање на одобрението, одобрението за градба и правосилноста на истото е согласно закон и на тој став остануваме и во иднина. Она што се случува во моментов е поништување на решението, односно одобрението за градење поради вина на инвеститорот затоа што тој пропуштил во системот за е-одобрение да достави навремено известување за започнување со градежните работи. Инвеститорот треба да престане со градба и може да поведе жалбена постапка, па да се види нејзиниот исход. Од страна на Државниот градежен инспекторат беше доставена посебна забелешка која се однесуваше на ненавременото известување што беше констатирано од нивна страна и ни беше укажано на нас и согласно Законот за градење ние бевме обврзани да донесеме акт со кој што ќе го поништиме одобрението за градење.“ – изјави  Александар Китески, помошник раководител на Сектор за правни работи при Општина Охрид.

Целата постапка околу градењето на комплекс на самиот брег на езерото беше контроверзна од самиот почеток и беше остро осудена од голем број невладини организации за животна средина кои упатуваа на кршење на законските одредби за градба ,како и непочитување на правото на сопствеништво на одреден број на жители на Лагадин. Тоа повлече одпочнување на иницијативи за барање за запирање на градбата и поништување на дозволата за градба, која минатата недела доби и правна разрешница преку поништување на истата.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *