Хуманитарна акција за Дневниот центар за деца на улица

17353156_1827838317542049_2840427406801828149_n

Утре, со почеток од 20 часот, во Концепт 37 се организира хуманитарна акција која има за цел да помогне на Дневен Центар за деца на улица – Шуто Оризари во рамки на Здружение за заштита на правата на детето. Настанот е во организација на Здружението за општествено економски просперитет – ЧОВЕКОТ ПРЕД СЕ за дневниот центар за деца на улица кој изгоре до темел во пожарот кој се случи на 01 март.

На самиот настан на која ќе има тивка аукција на фотографии од познати македонски фотографи, кои ќе можете да ги купите и со тоа директно да донирате, ќе биде поставена кутија за донации.

„ Покрај ова можете и да донесете донации во форма на: боенки, фломастери, боички, сликовници, детски книги, тетратки, останат школски прибор како и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни.”  – велат организаторите.

Check Also

Марш за женски права

За еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување на 8 март, во среда, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *