Mораториум на лов на охридска пастрмка бара концесионерот на Охридското Езеро

hqdefault
Целосна забрана за лов на охридска пастрмка во наредните 10 години  побара концесионерот со Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, извести телевизија  „Алсат М“. Според нив  ова  е единственото ефективно решение кое ќе придонесе  овој загрозен ендемски вид на риба повторно да се врати во езерото. Ова барање од страна на концесионерот  било поднесено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„За овие 4 – 5 години ние многу мала количина имаме уловено на пастрмка и избегнуваме да ја фаќаме. Доколку се сложи и албанскиот дел да даде таква забрана јас би бил задоволен и се надевам дека таа ќе се врати. На нас ни беше дозволено голема количина да ловиме пастрмка некаде околу 30-40 тони, а ние не фативме ниту 300 килограми.“ – изјавил за „Алсат М“ Танас Танасоски од „Пастрмка 2012“ – концесионер со Охридско Езеро. Покрај тоа тие напоменуваат дека е  потребна тесна  соработка помеѓу Македонија и Албанија за заштита на рибниот фонд на пастрмка.

„Ние инсистираме заеднички да настапиме за заштита на Охридското Езеро.Тогаш сигурно би била физичката заштита многу поголема. Со мешовити рибочуварски служби, а тука може и полицијата да се вклучи.“ – вели Танасоски.

Тие истотака изјавуваат дека инак бројот на незаконски рибилов на пастрмка е намален ,и понатака одреден број на лица ловат со недозволени мрежи со мали окца,што покрај поголемите примероци се ловат и помали единки на пастрмка со што се уништува подмладокот и се намалува фондот на овој ендемичен вид на риба.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *