Неконтролирана сеча на дрвја во близина на изворот „Лукар”

17353384_10203156021138726_2339959629105638690_n

Изворот Лукар”  ги снабрува со вода за пиење жителите на општините Кавадарци и Неготино со околните села. Се почесто водата за пиење е со жолтеникава боја во периоди и на најситен дожд. Ситуацијата е алармантна, жителите од овој регион стравуваат за своето здравје.

„ Мора да реагираме за да запре неконтролираната сеча што Македонски шуми ја врши во непосредна близина на изворот  „Лукар”  бидејќи во опасност е водоснабдувањето. Заматувањето на водата е токму поради тие активности на Македонски шуми.” – изјави Ташо Радњански, советник во советот на општина Кавадарци.

Овој проблем ги засегнува околу  40 илјади жители од Кавадарци и Неготино, жители кои пијат заматена вода. Теренот на изворот Лукар” е исечен од Македонски Шуми. Зaконот вели дека има одредено растојание на кое се забранети вакви активности во близина на извор на вода за пиење. Тие тој закон не го почитуваат. Во една демократска држава, оној кој не го почитува законот оди на суд и судот натаму одлучува.

„ Еднаш го инициравме овој проблем но тие и понатаму продолжуваат со овие активности каде последица е кал во водата за пиење. Ние советниците мораме да ги опоменуваме од Македонски шуми дека не може да се однесуваат онака како што тие сакаат,  дека не може да го кршат законот.” – велат од советот.

Check Also

Отворен е НВО центар во Кавадарци

Во општина Кавадарци се реализира проектот “НВО Центар” каде локалната самоуправа со огромна помош на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *