Анализа на водата во Гостивар и гостиварско

Captures

Минатата година во гостварските села водата била бактериолошки загадена а во градот често заматена. Нередовното дезинфицирање на водоводните системи во селата во гостиварски регион е причина плус за микробиолошка загаденост на водата, алармираат службите во гостиварскиот Центар за јавно здравје. Во Центарот за јавно здравје се вршат анализи за безбедноста на водата за пиење. Во градскиот водовод, пак поголем проблем е матноста, која лани била евидентирана во 15 до 20% од земените мостри за испитување.

Capture

„ Во градскиот регион од Гостивар од анализите што се направени, поголем  проблем имаше со физичко хемиските анализи кои околу 20 проценти беа неисправни, пред се поради матност, додека од руралните средини во нив микробиолошкта загаденост е нешто поголема во однос на градската, тоа е така бидејќе нјаголем дел од овии водоводи водата не се хлорира.“ – изјави д-р Берун Мустафа, специјалист по хигиена.

Микробиолошки загадената вода носи ризици по здравјето на луѓето, велат лекарите. Може да предизвика разни црвени заболувања и други здравствени тегоби.

Минатата година од Центарот за јавно здравје, биле анализирани 300 примероци на вода. Во Гостивар со ставањето во функција на филтер станицата за градскиот водоводен систем, матноста на водата е драстично намалена.  Причина за минатогодишните случаи се изведување дополнителни работи за изградба на базен близу објектот. Анализите на гостиварските служби на Центарот за јавно здравје покажуваат дека загаденост на водата почесто има низ селата во врапчишкиот регион.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *