Пропадна обидот за организирање протести во средните училишта во Битола

17361805_271886713262502_3629782887333829864_n

Ученици од неколку битолски средни училишта денес се обидоа да организираат масовни протести чија цел би била изразување несогласување со како што велат воведување на двојазичност во државата.

Шемата за поттикнување на незадоволство кај средношколците од Битола и нивно напуштање на наставата и излегување на протести, беше иста како и онаа која минатата недела ја гледавме во Прилеп: група од триесетина ученици ги обиколува средните училишта, влегува во дворовите и училишните згради каде со скандирање, свирење со свирчиња и пеење патриотски песни настојува да привлече што поголем број приврзаници.

Групата од триесетина ученици од различни училишта прво се упати кон средното економско училиште „Јане Сандански“, каде после кратко задржување во училишниот двор не успеа да добие поддршка. Следна дестинација беше Гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде групата се обиде да влезе во училиштето. Откако наидоа на заклучени врати, со асистенција на полицијата групата беше отстранета од дворот на Гимназијата. Ниту еден ученик од, како што популарно се нарекува, битолската Горна Гимназија после завршувањето на наставата не се приклучи на протестите.

Загриженост поради последните случувања денес изразија повеќе родители на ученици од средните училишта. Нивната загриженост  се однесува на безбедноста на нивните деца од причина што во училишните дворови а понекогаш и во самите училишни згради се забележува присуство на непознати лица. За таа цел тие бараат поголема ангажираност и одговорност од директорите на средните училишта.

 

Од Општинската организација на СДСМ од Битола ги повикаа Државниот просветен инспекторат и овластениот општински советник за образование веднаш да реагираат и да обезбедат непречена и континуирана настава.

 

„Укажуваме дека и Советите на родителите и наставниците треба и мора да преземат мерки за одржување на редовна настава во училиштата“, изјави претседателот на битолските социјалдемократи Васко Ковачевски.

 

Со оглед на тоа што денес во училиштата се одвиваа и еколошки активности, од Државниот просветен инспекторат немале конкретни информации како се одвивала наставата во училиштата.

Check Also

Кој ќе го организира фестивалот „Браќа Манаки“?

Аплицирањето на здружението „Центар за филм“ од Битола на објавениот Конкурс за финансирање проекти за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *