Текстилните работници – маргинализирани и без синдикална заштита

glasno-ok

Денес  на прес конференција здружението на граѓани ,,Гласно“  кое ги застапува правата на текстилните и кожарските работници посочи дека и понатаму оваа група на работници кои се 30 000 на територија на источна Македонија се маргинализирани и никој не ги застапува нивните права.

Овие работници земаат плата преку трансакциска сметка, но дел  платата ја земаат и на рака во плик, што е кршење на законот и затајување на данок. Никоја од надлежните институции не врши контрола на ваквото грубо кршење на законите од страна на работодавачите.

,,Работниците овие неправилности ги пријавуваат во здружението, но никогаш во некоја институција, бидејќи не веруваат во нив “ – истакнува Горан Трајков, член на здружението.

Текстилните работници се најниско платените работници во државата и не постојат реални синдикати кои ги штитат нивните работнички права. На хартија тие се членови на репрезентативен синдикат во склоп на ССМ, но реално синдикатот повеќе е од корист  на работодавачот, бидејќи преку репрезентативноста, која работодавачот успеал да ја наметне кај работниците и ги зачленил во синдикатот, добива можност да донесува и менува закони во своја корист. Една таква измена стои во законот за минимална плата каде во спорниот член 2 нормираниот учинок на работниците не им дава можност за реална заработка и земање на поголема плата и покрај нивната максимална ангажираност. Нормите во текстилните фабрики се нереално поставени и работниците не можат да ги постигнат.

На овие работници најитно им е потребна правна помош која им ја нудат невладини организации и Хелсиншкиот комитет со цел проблемите да се актуализираат и правно да се разрешат.

 

Check Also

Одбележан денот на штипскиот Исар

Секој 22 ри Март во Штип традиционално се одбележува „Четр‘се“ денот во кој слават младенците …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *