Чарлс Симиќ прогласен за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

picture
Чарлс Симиќ, поет од САД е добитникот  на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2017 година. Денес ова беше објавено  на свеченоста во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. Со наградата „Златен венец“, како што стои во одлуката, се наградуваат поетските  достигнувања на Симиќ.

,,Тој е познат на сите меридијани, на сите континенти, ги има добивано сите најзначајни награди во Америка, а некои и во Европа, а еве сега се закити и си Златниот венец на поезијата.“ –  изјави  Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на СВП.

Симиќ  е 52 лауреат на СВП, во својата изјава по  повод добивањето на наградата Симиќ наведува дека е почестен што ќе биде во групата истакнати поети носители на признанието и дека со нетрпение очекува да пристигне во Струга и за присуствува на оваа престижна поетска манифестација.Тој е добитнит на Пулицеровата награда за Поезија во 1990 за ,,Светот не завршува“,како и финалитс за истата награда 1986 година.Во 2007 година бил избран за 15ти по ред поет лауреат консултант за поезија во Библиотеката на Конгресот на САД.

Покрај ова Димоски се осврна и на местото на македонската поезија во светот,,Во последните неколку децении македонската поезија доста се преведува во светот, посебно помладите автори, застапена е во различни антологии, а мостот кој го прави меѓу нашата земја со светските поетски метрополи е многу значаен,,

СВП ја усвои  и  традицијата  на светскиот ден на поезијата да го објавува лауреатот на струшките вечери на поезијата за тековната година. Манифестацијата Струшки Вечери на Поезијата инаку е една најценетите манифестации во светот кои се посветени на поетскиот збор .

 

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *