Билборд со мов ќе го прочистува воздухот и во Тетово

Capturess

Преку „градско дрво“ до помало загадување на воздухот во Тетово. Проектот градско дрво е финански поддржан од германската амбасада и неколку македонски и странски компании. Со градско дрво во форма на билборд Тетово ќе се бори против загадениот воздух. Станува збор за вертикална структура од мовови и претставува комбинација од специфични култури со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оскиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони ЦО2 годишно. Овој растителен систем има ефект на 275 дрвја, и компензирање на загадување од 417 автомобили годишно.

Capture

„Мововите и васкуларните растенија ја привлекуваат и фаќаат ситната прашина а потоа ја претвораат во фитомаса што ја користат како храна. Структурата има ефект како многу дрвја, но не ги заменува, така што зеленилото во градските средини е многу потребно.“  – смета Ана Чоловиќ Лешоска од невладината организација Еко Свест.

Констукцијата комбинира нови технологии и сензори за собирање на податоци од важност за животната средина и климата со цел оптимално функционирање. Благодарение на соларните панели и ситемот за фаќање на дождовните води, оваа структура е самоодржлива и потребно е сервирање од само неколку часа годишно.

Captures

„Овој проект е голема можност за подобрување на квалитетот на воздухот, а со тоа и подобрување на квалитетот на живеењето на граѓаните на Тетово. Ние се обидовме како општина да го спречиме понатамошното бетонизирање на градот и да го зачуваме зеленилото, но и со садење на околу илјада дрвја преку Јавното  комунално претпријатие да ги зголемиме зелените површини. Во тој правец е и најновиот зафат преку ИПА фондовите на ЕУ во кој Тетово, покрај Битола и Струмица, треба да добие пречистителна станица за отпадни води што е уште еден чекор за подобрување на квалитетот на живеење во Тетово.“ –  истакна градоначалничката на градот, Теута Арифи.

Германската амбасадорка Алтхаузер пак посочи дека голема е соработката помеѓу амбасадата и општина Тетово особено на полето на екологијата.

„Ние како амбасада го поддржуваме овој проект, но очекуваме дека сите треба да придоенсат за заштита на животната средина и климата, со тоа што во иднина нема да биде само проблем, туку и предизвик на човештвото да го реши.“ – изјави Алтхаузер.

Инсталацијата на градското дрво до сега е успешно поставена во повеќе градови како Осло, Париз, Дрезден, Клиентал и Хонг Конг.

 

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *