Во рамките на проектот „Спортот е моја слобода“ четири деца со физичка попреченост од Тетово во мај ќе заминат во Италија

Capture

Четри  ученици од Тетово кои имаат физичка попреченост во мај ќе заминат на двонеделен престој во Италија. Учениците се избрани на повик за учество во проектот „Спортот е моја слобода“ кој го спроведува Институтот за развој на заедницата во Тетово. Целта на овој проект е ширење на културата за спортски активности посебно кај лицата со посебни потреби.

„Проектот  се имплементира во Еразмус спорт плус програмата , во соработка со организација од Италија и спортска асоцијација за лица со инвалидитет од Ријека, наменет е за деца со посебни потреби.Целта на проектот е де се вклучат децата во спортски активности. Во нареден период ќе имаат спортски активности, а потоа следува размената на децата во Италија.“ – изјави Дубравка Ѓилас проект координатор.

Captures
Општина Тетово го подржа овој проект , и како што рече раководителот на Секторот за јавни дејности Ахмет Ќазими  минатата година општината била на прво место по реализирани меѓународни проекти, имала вкупно 17.

Проектот „Спортот е моја слобода“ започна да се реализира од почетокот на годинава. До крајот на оваа година предвидено е освен спортски активности,  да бидат одржани и вкупно 3 конференции во училиштата во Тетово на кои ќе говорат ученици, професори и експерти од областа на спортот.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *