Во Гостивар дискусија на тема безбедноста на учениците

Capture

Со цел да се зголеми безбедноста на децата и намалат ризиците од сообраќајни незгоди во кругот на училишните објекти беше одржан состанок каде за овие проблеми дискуситираа претставници на полицијата, општинскиот сектор за образование и директорите на основните и средните училишта во Гостивар. Заклучокот од овој координативен состанок е да се постават повеќе сообраќајни знаци и „легнати полицајци“ во близина на училиштата.

На локациите кои се под надлежност на општината имаме поставено сообраќајна сигнализација, за некои училишта каде во близина има регионални патишта, чекаме согласност и од Министерствата затранспорт и врски и за внатрешни работи.“ – велат од општинското одделение за сообраќај.

Директорите ги искажаа проблемите со кои се соочуваат и сметаат дека состаноците од ваков тип се корисни, треба да бидат честа пракса и само така може да се запознаат проблемите од безбедносна природа.

Captures

„Ги искажавме нашите проблеми со кои се соочуваме во училиштата, од сите директори беше поздравен овој состанок. Ние сме биле во добра координација и со полицијата и со општината така да сме ги надминале сите проблеми  и се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понтаму.“ –  изјави Џези Камбери, директор на гимназија во Гостивар.

Воспоставени се и редовни патроли околу училишните објекти за да се спречат инциденти особено во периоди кога почнуваат и завршуваат смените.“ – потенцираа од полицијата.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *