Одбележан денот на штипскиот Исар

17498515_10208561872669480_6402457195133105468_n

Секој 22 ри Март во Штип традиционално се одбележува Четр‘се“ денот во кој слават младенците и сите кои се качуваат на тврдината Исар и собираат четириесет каменчиња или се поздравуваат со четириесет лица во склоп на народното верување и традицијата.

Оваа година се погоди и времето кое беше повеќе од пролетно и им пружи на граѓаните од Штип и пошироко да уживаат од највисокото место во Штип, Исарот и да бидат дел од традицијата.

На крајот од денот традиционално се одржува и концерт во ,,Дом на млади,, на кој настапуваат најпрво најмладите, потоа возрасните кои изведуваат  народна музика и на крајот се случува рок концерт на локални групи кои го затвораат денот.

Оваа година бројот на посетителите беше навистина голем, иако Исарот е актуелен само еден ден во годината посетителите на него на овој ден оставаат толку ѓубре и смет кој потоа не може да се исчисти до следната година.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *