Уникатна изложба на јапонска графика во Струга

17425897_1604270242931605_944412583438193478_n
Од 22 ри до 27 март во просториите галеријата ,,Вангел Коџоман“ во организација на музејот ,,Др Никола Незлобински“ во Струга се одржува изложба на принтови од дрворез изработени во Укијое стил од страна на најзначајните јапонски  уметници мајстори. Овој уметнички правец  се развива од раниот 17ти до крајот на 19ти век. Оваа изложба е ретка можност за стружани да се запознаат со уметничките правци на држави од далечниот исток. Изложбата е организирана во  рамки на проектот MuseumLINK – мрежа на музеи.

17426296_1604270376264925_3853228676243293197_n

Терминот ,,укијоe“ во своето првобитно го означува будистичкото поимање на реалноста во која единствено што било сигурно е будноста во нас. Графиките во овој стил во суштина го преставуваат ,,светот во овој момент,, т.е суштината во моментот во кои настануваат.

За овој правец јапонскиот писател  Асаи Риои (1612-1691) напишал:

„ Да се живее само сегашниот момент, да се наблудува  изминувањето  на месецот, снегот, цветпт  од цреша и јаворовиот лист не дозволувајќи си себе си да подлегнеш на сиромаштијата и не дозволувајќи  тоа да се појави на твоето лице, туку успешно да се плови како брод на реката.Тоа е укијое.“

17498762_1604270246264938_8681286942694841049_n

Својот најсјаен период овој правец  го има во периодот Едо 1603- 1867 кога Јапонија во вистинска смисла на зборот била отсечена од светот, а јапонската култура се развивала без никакво надворешно влијание. Уметноста сама по себе во тој период немала некое посебно значење, освен во растечкиот Едо, денешен Токио, кој го развил овој уметнички правец. Главни мотиви на уметниците мајстори се сцени од секојдневниот живот. Оваа техника подоцна ќе најде примена во печатот како и во илустирањето на книги.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *