„Ништо без Трифолио“, нова премиера на прилепскиот театар

306208-vo-prilepski-teatar-se-raboti-na-ajnshtajnovite-sonishta

 

Во чест на Светскиот ден на театарот, 27.март, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во понеделник премиерно ќе ја изведе претставата „Ништо без Трифолио“ на авторот Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски.

Ова свое дело авторот Богдановски го нарекува „комедија во грчко-римски стил напишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф Публиј Теренциј Африканец, кој ослободен од телото на својот господар во 159 година пред нашата ера, лута низ вековите“. Сите сплетки и недоразбирања произлегуваат од основната тема – потрагата по љубовта. Оттаму, сѐ што се случува на сцената е поврзано со љубовта. Двигател на дејството е богот Амор, а интелигентниот и снаодлив Трифолио управува со ситуациите и ги држи сите конци во свои раце. Тој ја наоѓа мотивацијата во својот непоправлив хедонизам, од каде произлегува и комичноста.

Во претставата играат актерите Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Марјан Чакмакоски, Димитар Црцороски, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска Илијевска и Михајло Миленкоски.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, соработник на сценографијата Пеце Ристески, костимите се на Раде Василев, музиката на Томе Темелкоски а кореографијата на Кире Миладиноски.

„Ништо без Трифолио“ е 26 претстава која Коле Ангеловски ја поставува во театарот „Војдан Чернодрински“ и со неа, воедно, одбележува 35 години соработка со прилепскиот театар.

Check Also

Пари за обнова на битолскиот Офицерски дом има, дали има волја?

Не постојат зборови кои можат да опишат колку тажно изгледа денес Офицерскиот дом во Битола, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *