Обиколница населба Сењак- индустриски дел

29376429

Општина Штип го најави почетокот на изградбата на обиколницата од населба Сењак до индустриската зона. На прес конференција портпаролот на општината Драган Ристов појасни дека станува збор за мала обиколница, но од огромно значење бидејќи ќе поврзува две точки во Штип за кои требапе претходно да се кружи околу целиот град, како и изградбата на нов мост на реката Брегалница, кој би им го олеснил секојдневието на жителите кои живеат на двете страни од реката.

Единствена пречка на изведувачот на проектот  ,,Актива за да започне со градба е да се дислоцираат времените објекти кои одредени  граѓани ги имаат направено во самото речно  корито на Брегалница.

Инаку фирмата ,,Актива е изведувач на речиси сите градежни проекти на општината. Од проектираните 57,7 милиони денари кои општината ги проектирала за оваа изградба, оваа фирма на лицитацијата  понудила сопствена сума од 36,5 милиони денари или 590 000 евра и за толку ќе се гради обиколницата и мостот на реката.

Општината смета дека ова е еден од најобемните проекти на оштината и воедно еден од најважните, но малку се зборува за сечење на зеленилото покрај речното корито и повторно старата, но многу сериозна тема за која никој од општината не дава одговор, а тоа е близината на бунарите за пивка вода од кои цел град се снабдува со вода за пиење и кои според закон треба да бидат подалеку од пешачки зони, која веќе се изгради на само еден чекор од нив, понатаму вакви објекти како мостови и  обиколкици  на кои секако ќе поминуваат луѓе во големи фрекфенции.

Можеби сега најважно е во едно долго предизборно и мачно време на немање на соодветни институции во државата да се прават политички поени преку изградби на незаконски локации и притоа да се уништува зеленилото кое во неколку години се исече во енормни количини.

Во ред се градбите и олеснувањето на  движењето на жителите, но не е во ред да се загрозува животот на сите  граѓани за сопствени пари само по цена не политички маркетинг.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *