Поголема транспарентност како се трошат нивните пари бараат граѓаните во Струга

struga - ptica

Општина Струга е на 45 место од вкупно 81 општина, по веб транспарентност. Ова го покажа истражувањето на Центарот за управување со промени и Центарот за одржлив развој АЛКА од Скопје во соработка со општина Струга.

„Ова истражување имаше за цел да постави една основа и да претставува еден конструктивен натпревар меѓу општините како да ги подобрат сите податоци и информации како побрзо и полесно да ги направат достапни за граѓаните. Податоците општините имаат обврска да ги собираат согласно законите за Локална самоуправа и законот за податоци од отворен карактер, значи секоја општина треба да ги објави податоците на веб страницата во отворен формат така што секој граѓанин ќе може да го искористи тој податок за разни анализи и цели.“ – вели Неда Малеска Сачмароска од ЦУП.

„Има работи кои што навистина треба да се објавуваат. Ова истражување покажа дека Струга е на средина по отвореноста на податоците на општината и се надевам дека во иднина ќе успееме да ги отвориме работите значи да работиме со отворени карти како би биле подостапни на нашите граѓани.“ – истакна преставникот општина Струга, Сервер Шашко.

Истражувањето на ЦУП покажало дека највисок интерес покажале за информации околу тоа како се трошат нивните пари, како и кои теми локалната власт ги смета за приоритетни. Покрај објавувањето на резултатите од проектот „Граѓанинот на прво место“  беше одржана и работилница која опфаќа и изработка на протоколи за транспарентност со кој се утврдуваат податоците и информациите кои треба да бидат јавно достапни на страниците на општините.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *