земјоделцигвг

Празот и зимската зелката од Гевгелија и гевгелиско се откупуваат по ниски цени

Земјоделците од гевгелиско се жалат на откупната цена на зимската зелка. Откупувачите се малку и нудат цена од 5 до 8 денари за килограм зелка. Тие додаваат дека се откупуваат мали количини од страна на трговците кои зелката подоцна ја пласираат на пазарите на бившиот Советски сојуз.

Лоша е и состојбата со празот од Мрзенци. Трговците се со мал интерес за него и истиот останува да скапува по нивите во гевгелиско. Освен локалните трговци кои го купуваат во мали количини за да го прпродаваат по своите тезги и продавници, други откупувачи речиси да нема.

„Имаме трошоци за одгледување и производство, а со ваква цена и ваков никаков пласман трошоците ни од далеку не можат да се покријат“ – велат загрижените земјоделци од гевгелиско.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *