Активности во организација на УГД – Штип

univerzitet-goce-delcev-stip

Пред десет години во Штип се отвори универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип. За еднодецениското постоење  на универзитетот,  ректорот Боев истакна дека во текот на овие десет години на универзитетот се запишале од 25 000 до 30 000 студенти, а дипломирале 3500 студенти.

Универзитот еднодецениското постоење ќе го одбележи со низа на активности, со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, издавање на каталог на научни трудови, со трибини на кои штотуку завршени студенти го раскажуваат своето искуство стекнато на некој од факултетите.

Одбележувањето на десет годишнината од постоењето на УГД-Штип продолжи во Домот на културата „Ацо Шопов“ со отворање изложба на студентски фотографии, промоција на филм и свечена академија. Во културно-уметничкиот дел настапија Влатко Стефановски, Тони Китановски и актерот Никола Ристановски.

На крајот од неделата, поточно во недела, ќе се организира велосипедска трка во градот, која универзитетот ја организира неколку години по ред.

Пред неколку години тројца професори од Економскиот факултет при штипскиот Универзитет без објаснување беа отпуштени од работа, сите тројца, доктори на науки Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски. Универзитетот ,,Гоце Делчев“ – Штип беше застапен и во т.н. бомби на опозицијата. Стануваше збор за вработувања по партиска линија, вработувања кои по телефон ги нарачувале членови на ВМРО- ДПМНЕ.

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *