Куче искаса четригодишно дете во Неготино

17498980_10203174987132864_3366888761795159989_n
Четири рани, две на задниот дел од главата, една на левото рамо и една на левата потколеница е епилогот од немилиот настан во општина Неготино каде во неколку наврати дете било изгризано од куче, соопштувааат од општа болница Кавадарци. Оттаму велат дека детето е преплашено, повеќепати е гризнато но е надвор од животна опасност.

Овој немил настан се случил во дворот на соседите каде што детето постојано си играло со кучето кое било врзано.

Очевидци од соседите велат дека детето редовно си играло со кучето кое било мелез од сортата шарпланинец но од тоа што се случило во тие моменти сите биле запрепастени од глетката. Кучето врзано го нападнало детето при што интервенирал дедото кој го одвоил детето и го пренел веднаш до болница.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

Check Also

Отворен е НВО центар во Кавадарци

Во општина Кавадарци се реализира проектот “НВО Центар” каде локалната самоуправа со огромна помош на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *