komunalno-gevgelija

Донаторства на УО на Комуналец“ наместо одлуки за чиста вода

Петточлениот Управен Одбор на гевгелиското јавно комунално третпријатие во извештајната 2016 година од 12 одржани седници повеќе се занимавал со одлуки за донаторства отколку за прашањата и потребите на корисниците.

Прво и основно, нема ниту една посветена точка за проблемот со арсенот во гевгелиската вода, иако изминатите две години барем во четири наврати им се доставени информации за енормните концентрации на арсен во градскиот водоводен систем и иницијативи за здравствена заштита на граѓаните од отровниот металоид.

Второ, барањата на граѓаните за ослободување за плаќање камата на заостанат долг се во старт одбивани, со самиот наслов на предложените точки на дневен ред, како на пример: „Олука за одбивање барање на странка С.С. од Гевгелија за ослободување плаќање на камата по извршен предмет“, „Одлука за неприфаќање барање на странка А.Н.Т. од Негорци за отпис на камата“ (точките се од 35-та седница одржана на 20.04.2016 година). На истата седница пак, донесени се пет одлуки за доделување средства на лица и организации кои не се од делокругот на работа на ЈПКД „Комуналец“. Тоa се:
– Здружение на граѓани „Визитинг“ за изработка на туристички ВЕБ сајт за Гевгелија,
– Здружение на власи „Мегленија“ за село Ума;
– КУД „Танец“ Миравци, културна манифестација „Ѓура Мара“ 2016 година;
– Месна Заедница „Ума“ за планинарски марш
– ЗГ ЖРК „Ветерани Југ“ од Гевгелија
– Одлука за доделување парични средства на физичко лице И. П. од Богданци за лекување во Германија.

И ова не е се’. Донаторствата продолжуваат кон:
–  КУД „Бојмија“ од Гевгелија за програмски активности во 2016 година,
– за Црвен Крст на РМ Општинска организација Гевгелија за „Недела на солидарност“,
– за  Здружение на граѓани „Роми Х“ за „26-та Ромска вечер“;
– КУД „Танец“ Миравци повторно, за програмски активности во 2016 година;
– за Отворени забавни фудбалски школи;
– за КУД „Танец“ Миравци по трет пат за гостување во збратимена општина Јабланица, БиХ;
– Црвен Крст на РМ ОО Гевгелија за „Ден на гладта“;
– Планинарско друштво „Кожуф“ Гевгелија;
– за Фудбалскиот клуб „Кожуф“ од Гевгелија;
– и, врв над сите нелогичности во трошењето на јавните средства наплатени од граѓаните на Општина Гевгелија е одвојувањето средства за учество на меѓународен натпревар по англиски јазик во Дубаи, ОАЕ, на ученичка од Скопје (К.Ј.)

Од 20 точки на дневен ред посветени на разгледување на кварталните извештаи за работата на претпријатието, пописни комисии, планови за работа, дополнително му парираат 20-те точки за доделување парични средства како донаторства на организации и поединци (18 решени позитивно, 2 одбиени) и уште 5 одбиени приговори од вработени во ЈПКД, плус уште 5 одбиени барања од корисници за ослободување од камата.

Загрижува несериозниот однос на управното тело на единственото јавно локално претпријатие под надлежност на општината во кое годишно се слеваат 100 милиони денари приходи од граѓаните, а поради несовесното, недомаќинско и расипничко работење ЈПКД „Комуналец“ 2016 година ја завршува со 5.239.415,- денари неплатени обврски кон добавувачи и уште 29.810.823,- денари долг кон КФВ Банката.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *