Обука за право на слободен пристап до информации од јавен карактер во Струга

17553556_1606661386025824_9204757353654846439_n
Вчера, во Струга, во организација на  Центарот на заедницата Струга се одржа обука за пристап до информации од јавен карактер. На обуката беше разработена правната рамка за регулирање на оваа материја, како и начинот и постапката за пристап до ваквите информации, а исто така и за постапката за правна заштита за слободниот пристап до јавни информации.

Над 60 проценти од граѓаните во Македонија не знаат дека постои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, и дека истиот претставува еден од основните темели за доброто владеење. Предавач на обуката беше адвокатот Владимир Стојковски од Струга кој на присутните во детали им ги образложи сите права кои ги имаат физичките и правните лица во процесот на барање информации од јавен карактер од имателите на тие информации.

Обуката продолжи со  дебата во која учесниците ги искажаа  своите искуства во однос на побарување и добивање на информации од јавен карактер. Преку оваа обука претставниците на НВО секторот , неформални групи, поединци и медиуми ги дознаа сите етапи и постапки кои во иднидна може да им послужат во нивната работа. во понатамошното работење и општествено делување.

Учесниците во обуката заклучија дека важно е физичките и правните лица  што повеќе  да бидат запознаени со своите права и истите да ги искористуваат со сите расположливи механизми кои  што ги овозможуваат пристап до информации од јавен карактор кои им се потребни во нивната работа и функционирање.

Check Also

И судската служба од Охрид со подршка за бојкотот на денот на Македонското правосуство

  Денес се одбележува денот на Македонското правосуство. Од Здружението на судска администрација на Република …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *