pozari

Секој трет ден пожар во југот на државата

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија која ги опслужува и општините Богданци и Дојран, во минатата година реализирала 124 интервенции, што во просек значи ангажирање на единицата на ТППЕ секој трет ден во годината.

Од нив бројот на пожари во објекти е 22 изведени акции, но затоа пак бројот на пожари на отворен простор е трикратно зголемен за разлика од минатата година и изнесува 101 интервенција. Најголем број на пожари се евидентирани на подрачјето на Општина Гевгелија, вкупно 104, заедно со пожарите во објекти, на отворено, кај сообраќајни средства, технички интервенции и останати ангажмани на терен на екипата на ТППЕ. На територијата на општина Богданци евидентирани се 24 успешни интервенции, а на подрачјето на општина Дојран вкупно 21 пожар од кои 19 на отворен простор.

Според бројката на отворени пожари,  за очекување е најголема материјална штета да е причинета при ваков тип на елементарни непогоди. Проценетата вредност на штетите од овој вид изнесува 14.977.696,- денари.  Материјалната штета од пожарите на отворено во општина Гевгелија изнесува 6.117.000 денари, а во општина Дојран 8.503.596,- денари, иако, бројот на пожарите е значително помал. Но, на територијата на оваа општина имаше пожари од поголеми размери.

За поефикасно спротивстваување на пожарите, покрај постојното дежурство, во текот на летните месеци од страна на ТППЕ-Гевгелија беше формирана посебна мобилна  единица во чиј состав беа вклучени и шумски работници за локализирање на шумски пожари. Покрај ваквите активности, во ТППЕ-Гевгелија во текот на минатата година реализирана е и програмата за стручно усовршување на вработените. Активностите се одвиваа преку едукативни предавања и работилници, како и практични вежби.

Check Also

DSC_1470

Локалната власт го заборави, а ИПА фондовите ќе го спасуваат Динќут

После единаесет години заборавеност и запуштеност, општина Гевгелија со ИПА средства се подготвува да го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *