Спортот во служба на пропагандата

17498512_10208576815203034_3040337892653209605_n

Денес на градскиот стадион во Штип вработените во  ЈП ,,Исар“ добија директно задача од директорот на  јавното претпријатие ,,Исар“, а воедно и претседател на фудбалскиот клуб ,,Брегалница“ Ангел Бојаџиев, новопоставените столчиња на реновираните трибини да ги офарбаат во црвено-жолта боја.

Дел од вработените во ЈП ,,Исар“ работеа цел ден со цел што побрзо да ги офарбаат столчињата. Граѓаните ваквите постапки на директорот на ЈП ,,Исар“ ги осудија на социјлните мрежи, бидејќи тој ги користи вработените исклучиво за реализација на  сопствените партиски каприци. Граѓаните коментираат дека овој директор конечно треба да престане да ги злоупотребува вработените.

Граѓаните коментираа и дека боите кои ја претставуваат штипска ,,Брегалница“ се сина и бела и дека стадионот би требало да ги носи токму овие бои како обележје на највлијателниот штипски клуб.

Во период кога секојдневно претставниците на граѓанската иницијатива ,,За заедничка Македонија“ организираат протести во Штип  и го мобилизираат членството на владеачката партија да биде редовен посетител на протестите,  директорот Ангел Бојаџиев  нашол соодветен начин како тој да ,,допринесе“ во протестот на граѓанската иницијатива и да биде во тек со изборот на боите.

Се поставува прашањето дали овие работници самоволно и во склоп со работните обврски ги фарбаа столчињата или истите беа ,,казнети“ поради непосетување на протестите .

Check Also

Пожар во Штипско – Пенуш

Денес на пладне избувнал голем пожар во Пенуш во близина на воeните магацини. Поради непристапноста …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *