Отворено кино во просториите на основното училиште во Вратница

Capture

Прво кино во рурална средина денес беше свечено отворено во просториите на основно  училиште во Вратница. Денес во просториите на основното училиште во населеното место Вратница беше отворено првото кино во рурална  средина. Учениците од подрачните училишта од 6 населени места, повеќето и за прв пат во својот живот ја почувствуваа магијата на големиот екран. Оваа иницијатива  под име „Наше кино“ е спроведена  во рамките на кампањата „Мрдни со прст“.

Оваа иницијатива е во рамките на кампањата „ Мрдни со прст“ и денеска пошто е промотивно и ќе се одржат три претстави, за деца ,за млади и за возрасни. Ова е првото кино не само во рурална средина  туку и во урбана средина во овој крај , затоа што ни во Тетово нема кино .– изјави Бранка Марковиќ.

Captures

Учениците предходно имаа можност да учествуваат на конкус за изработка на плакат за промоција на кино претстава. На програмата на „Наше кино“ за денес се најдоа три филмови со различна тематика кои беа наменети за сите категории на возраст , спортот за децата, музиката за младите и науката за возрасните. Главна цел на оваа иницијатива е заживување на културно забавниот живот во руралните средини , преку мобилизација  на младите. И оваа кампања покажа дека со мотивираност и заложба  можат да се остигнат посакуваните резултати. – сметаат од Здружението „Среќен живот“.

 

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *