На Куманово му се заканува еколошка катастрофа поради блокирана „Чистота и Зеленило” од УЈП

17553802_10211404794211412_6385589431970031620_n

Поради долг од 21 милиони денари, како и камата од 37 милиони денари, веќе неколку денови е блокирано локалното претпријатие „Чистота и Зеленило” од страна на УЈП. Ваквиот чин го доведува до знак прашалник понатамошното функционирање на оваа институција. Активираната камата е за долг стар од 13 години и ваквото однесување на УЈП, менаџерскиот тим на „Чистота и Зеленило” го смета како селективно и неправедно. Со ваквата одлука освен што се блокира општинското функционирање, исто така се блокираат и изнесувањето на сметот, како и погребувањето на починатите и може да доведе до еколошка катастрофа, посочува директорот на оваа институција Сашо Петрушевски.

„ Селективноста на постапување на УЈП е целосно јасна во овој случај. И покрај тоа што ни активираа долг стар од 10 до 15 години, им нудевме различни решенија како истиот да се исплати и граѓаните да не претрпат никакви штети, но тие не покажаа никаков интерес за решенијата. Намерата е очигледна, да се нанесе штета на граѓаните на Куманово, на јавното претпријатие, како и на цела општина Куманово. А згора на се, што ова може да доведе до еколошка катастрофа во градот.” – вели Сашо Петрушевски, директор на “Чистота и Зеленило”.

На слична линија со Петрушевски е и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој смета дека ова е уште еден притисок од окупираните институции од страна на партијата која што веќе е во заминување од власта врз општина Куманово. Дамјановски верува дека на ваков начин партијата која што десет години раководеше со централната власт сака да се одмазди на граѓаните на Куманово, каде што досега не победија ниеднаш на избори. Тој апелира на разбирање од страна на граѓаните и на институциите да се изборат колку можат за да не дојде до еколошка катастрофа во градот. Се дури нема разрешница на целокупната политичка криза, според градоначалникот нема да се решат ни овие проблеми.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *