Неодбележани пешачки премини во Тетово

Capture

Тетовските ученици и понатаму не поминуваат на обележани пешачки премини. Во Тетово хоризонталната сигнализација на коловозите или е целосно избришана или едвај се познава , па поради тоа пешаците се доведуват во опасност. Граѓаните сметаат дека ова е пропуст на општинските власти. Тековното одржување на патиштата во градот треба да биде приоритет, посебно пред институциите во градот како што е клиничката болница и училиштата.

Од општина Тетово во септември  изјавија дека обележувањето на хоризонталната сигнализација или нејзиното освежување подолг период не било извршено поради тоа што на тендерот за изведување на работите не се пријавила никоја фирма .

Бирото за јавни набавки на својата интернет страница објави дека за изградба и одржување на хоризонталната и вертикалната сигнализација, општина Тетово во ноември на тендер има избрано фирма од Скопје. Договорот е со време траење од 12 месеци и се планира да заврши до ноември оваа година. За да ги испочитуваат собраќајните правила и прописи тетовци треба да се снаоѓаат како знаат и умеат. Законската обврска останува бидејќи во спротивност пешаците може да добијат казни од сообраќајната полиција иако неможат да го видат пешачкиот премин.

Check Also

Партнерство за подобра бизнис регулатива

Во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа информативна сесија во Тетово. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *