Општина Куманово ќе го преиспита идното финансирање на кошаркарскиот клуб „Куманово”

17499299_10211404789651298_6108305270496771262_n

Ненадејното раскинување на договорот на кошаркарскиот клуб „Куманово” со нејзиниот српски играч Данило Мијатовиќ го доведе до знак прашалник идното финансирање на клубот од страна на општината, која се јавува како главен финансиски спонзор на овој спортски клуб. За истиот овој клуб се одвојуваат 16 милиони денари на годишно ниво од буџетот на општина Куманово. Запирањето на финансирањето на овој клуб, што го најави градоначалникот Дамјановски, може да го згасне целосно клубот, доколку не најде други спонзори.

Според градоначалникот Дамјановски запирањето на финансиска поддршка од општината за овој клуб не значи целосно негово згаснување. Тој смета дека тие треба да си побараат нови спонзори, доколку сакаат клубот да продолжи да се натпреварува. Исто така смета дека се врши злоупотреба на финансиските средства од мала група на луѓе кои се во раководни позиции во МКФ со средствата што ги добиваат од страна на општината. Градоначалникот раскинувањето на договорот со Мијатовиќ го гледа како задоволување на потребите на друг спортски клуб, односно на аеродромскиот кошаркарски клуб “МЗТ”.

Градоначалникот Дамјановски се обрати и до претседателот на Македонската кошаркарска федерација и од истиот побара одговорност и оставка од оваа позиција.

Почитуван господине Петар Наумовски, во име на граѓаните на Куманово, ве замолувам што попрво да си одите од Македонската кошаркарска федерација, бидејќи чините зло на кошаркарскиот спорт, а пред се на вкупниот впечаток на спортот во земјата. Ние како локална самоуправа ќе го преиспитаме понатамошното финансирање на било кој клуб, кој се натпреварува во рамки на вакви услови. Даваме силна поддршка до КК Куманово да поведе судски спорови против МКФ, претседателот на оваа федерација Петар Наумовски, против Данило Мијатовиќ и неговиот менаџер и регистрационата комисија. Се надеваме дека судството конечно ќе се произнесе и ќе стави крај на оваа анархија која владее во спортот и во целото општество.”- вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *