Се реновираше Домот за стари лица во Куманово

17424880_10211404809931805_8879855879479856049_n

Домот за стари лица „Зафир Сајто” во Куманово изминатиов период се целосно реконструираше. Беа променети старите прозорци, со нови ПВЦ прозорци, како и промена на плочките. Во реновирањето на овој дом исто така беа вклучени и промената на ентериерот со снабдување со сите потребни предмети за корисниците на овој дом. Дел од собите исто така беа целосно реновирани. Оваа реконструкција ја чинеше 3,7 милиони денари институцијата.

17426056_10211404811571846_7429786626855155972_n

„Зафир Сајто” згрижува околу 150 корисници од Куманово и регионот во него. А цената за користење на услугите на оваа институција изнесува 11.800 денари месечно. Секретарката на општина Куманово Валентина Алексовска посочи дека и во иднина ќе продолжи реновирањето на овој дом и дека буџетни средства за истиот се предвидени и во текот на 2017та година.

„Освен реконструкцијата, набавен е и мебел од еден и пол милион денари, со цел на нашите корисници да им озбебедиме поудобни услови за сместување. Исто така работиме на различни програми од разнолик карактер со цел на корисниците да им озбебедиме поактивен социјален живот, зајакнување на системот и здравствена заштита.” – вели Џемаљедин Неџипи, директор на оваа институција.

Check Also

Во Куманово нема да има вонредна седница на Советот

И покрај официјалните барања на локалната опозициска Вмро Дпмне итно да се свика вонредна седница …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *